Услуги
Нашиот професионален тим може да Ви понуди:
- Развој и имплеметација на идејно и проектно решение согласно
Вашите потреби, за
организација на современа кантина (кујна, магацински простор и трпезарија) со спецификација
на потрбна опрема за нејзино непречено функционирање
- Изработка на комплетен елаборат со норматви на производи и потребни биолошки калорични
вредности
Покрај ова, со цел да изградиме подолгорочна соработка и партерски однос, спремни сме да
инвестираме во целосно опремување на опремата во кујната.
Значењето на исхраната на работното место
Индустри Сервис особено внимание посветува на квалитетот, составот и
хранливоста на оброкот како и на постојаната контрола за примена на Добрата
хигиенска и Добрата производна пракса. Современото планирање на храната и
исхраната за персоналот во индустриските погони ги зема во предвид интензитетот на
работа, условите на работната средина и енергетските потреби.
Доволна и правилна исхрана на човекот е битен фактор за неговото здравје како и за
одржување на неговата работна и психофизичка способност.
Исхраната и потребите на организмот мора да бидат во меѓусебна рамнотежа -
енергетската вредност на храната мора да биде во склад со потребите на
организмот. Недоволна или неправилна исхрана може да доведе до пореметување
кое ја намалува способноста за физички и технички напор, како и долготрајно
телесно и душевно напрегање. Последиците на овие пореметувања најчесто се
јавуваат со намалена комуникација и внимание, поспаност и продолжено време на
реакција, што допринесува до поголема траума и зголемен процент на грешки во
процесот на производство.
Според Светската организација на трудот (ILO) и Светската здравствена организација (WHO),
овозможувањето на
адекватната исхрана на работното место може да ја зголеми продуктивноста на работниците до 20%.
Покрај повисоката продуктивност, концептот на организирана исхрана, од една страна
влијае врз намалување на отсуствата од работа и боледувањата, а од друга страна
допринесува за зголемување на личното задоволство и благосостојба на работниците.
Организираната исхрана на персоналот во Вашата компанија од страна на Индустри
Сервис ќе допринесува работникот успешно и продуктивно да ги извршува
работитните задачи, бидејќи се задоволени неговите потреби за исхрана.
Имајќи не нас како Ваш партнер, Вие целосно ќе можете да се фокусирате на Вашето
производство.