Безбедност на храната во текот на летните месеци
Препораки од технолог Снежана Ставрова
Со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето во месеците кога имаме повисоки температури потребна е поголема внимателност при подготвувањето и чувањето на храната.
За да се елиминира секаков можен ризик во летните месеци потребно е да се набавуваат суровини од одобрени добавувачи, како и да се обезбеди соодветен транспорт и услови на чување на храната.
Најефикасна мерка на претпазливост за заштитата на сопственото здравје, а воедно и здравјето на консументите на храна е превенцијата која се спроведува со примена на неколу значајни практики:
- Одржување на личната хигиена на вработените како и хигиената на работните површини и опремата за работа.
- Одделување на сировата од подготвената храна, како важно правило за да се спречи пренесување на микроорганизимите од една на друга храна без разлика дали храната се подготвува или е складирана.
- Соодветна термичка обработка на храната преку која се уништуваат речиси сите опасни микроорганизми.
- Чување на храната на безбедни температури – од осебена важност за време на летните месеци е избегнување на чување на храната на собна темепература предолго време. За секој вид на храна потребно е да се запази соодветен температурен режим.
- Употреба на безбедна вода и свежи продукти - засилено внимание при изборот на свежи продукти и спроведување на мерки за приготвување и чување на храната може да го намалат ризикот од појава на заболување или труење со храна.