Хидратација на организмот за време на летниот период
Правилната хидратација на нашето тело е важна во текот на целата година, но за време на летниот период кога преовладуваат високи температури и кога најмногу сме изложени на ризик од топлотен удар и дехидратација, доволниот внес на вода е од особена важност.
Водата игра важна улога во сите процеси на нашиот организам:
- универзален растворувач на сите органски и неоргански материи
- одржување на нормална телесна температура и крвен притисок
- правилна циркулација на крвта
- трансмитер на хранливите материи до клетките на организмот и нивно растворање
- хидратација и еластичност на кожата
- го подобрува варењето на храната
- превенира опстипација
- го помага елиминирањето на токсините од организмот.
Водата треба да се пие многу порано пред да се појави чувството на жед. Доколку сме почувствувале жед тоа значи дека веќе сме дехидрирани.
Телесните потреби за вода се индивидуални и зависат од неколку фактори: општата здравствена состојба, телесната температура, метаболичките потреби, степенот на физичка активност, возраста. Препораките за пиење вода во просек се околу 2 литри дневно за жени и 3 литри дневно за мажи.
Според препораките на СЗО оптимална хидратација се постигнува со внес на 80% вода како пијалок и 20% вода консумирана преку храна.
Најдобри намирници за хидратација на организмот се: краставици, тиквици, домати и лубеница.
Секогаш е време да внимаваме колку течности внесуваме секојдневно, затоа не заборавајте да пиете доволно количини вода и да консумирате свежи намирици богати со вода кои најдобро ќе ве хидрираат во летниот период.