Работна посета на Фондот за иновации и технолошки развој претставуван од директорот Јован Деспотовски

Големо е задоволството да се слушнат зборови кои го валоризираат трудот и силната посветеност на нашиот тим за успешно заокружување на проектот Централна Кујна- Скопје и старт на производството и во услови на пандемија.

Индустри Сервис за овој проект беше поддржан од Фондот со средства во износ од 5,5% од вкупната вредност на целокупната инвестиција.

Директорот на Фондот беше придружуван од вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, која исто така ја потенцираше вредноста на воспоставените високи стандарди на нашето производство кои се од големо значење за технолошкиот развој и напредок на компанијата со цел да се задржи лидерската позиција на пазарот.