slider

Преку избалансирана исхрана,
до зголемена мотивација и продуктивност
на вашите вработени.

За Нас

ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО Скопје е фамилијарна компанија основана во 2002 година.

Индустри Сервис ДОО – Скопје е лидер на пазарот во Македонија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, како сервис наменет за потребите на индустријата. Започнавме во 2002 година, во нашата прва деловна единица, за да постигнеме раст и развој кој не постави на водечка позиција на пазарот. Ние сме горди на нашиот успех кој е резултат на нашата посветеност на основните вредности на интегритет, искреност и почитување на законите.

Применувајќи го концептот business to business, целосно ориентирајќи се кон ценетиот Клиент, Индустри Сервис како надворешна (outsourcing) компанија, успешно функционира 365 дена во годината, во три смени, подготвувајќи оброк за вработените во некои од најголемите компании во Република Македонијa. Во секоја наша деловна единица ресторанот е од затворен тип и истиот е наменет исклучиво за потребите на Клиентот, каде се опфатени сите вработени според принципот организирана исхрана со комплетен мени оброк. Технолошкиот процес за подготовка на храна е во согласност со строго утврдените нормативи и работни упатства, во најсовремени санитарно – технички услови за работа, согласно добрите производствени и хигиенски практики и барањата на HACCP системот за безбедност на храна.

Денес, како најголем оператор за храна во Република Македонија, во сите наши деловни единици, дневно подготвуваме и послужуваме до 9.000 оброци, со што ја надминавме бројката од над 2.000.000 подготвени и послужени оброци годишно.

За нашиот досегашен успех говори и податокот што нашата компанија како оператор со храна се наоѓа во групата на 200 најуспешни компании во Република Македонија, а воедно сме дел од групата на големи даночни обврзници.

About
About
About

Нашите бројки

Колективна исхрана

Оброци дневно
 
Вработени
 
Готвачи
 
Клиенти
 
Семејство

Клиенти

Мисија

Нашата мисија е да му испорачаме на секој клиент најдобра вредност, преку супериорна услуга, безбеден производ и проверен квалитет.

Визија

Да продолжиме со стапката на раст и развој и да опстанеме на водечката позиција на пазарот
– успех на кој сме горди и кој е резултат
на нашата посветеност на основните вредности на интегритет, искреност и почитување на законите .

Општествена одговорност

Индустри сервис е компанија посветена кон етичко деловно работење и социјална одговорност.

Ние сме општествено одговорна компанија која позитивно придонесува кон заедницата која не поддржува, поради што во повеќе наврати имаме донирано дел од профитот за социјално загрозените групи. Активно ги помагаме спортските и културните настани во општините каде што се лоцирани нашите деловни единици.

Посветени сме и имаме обврска нашите услуги и продукти кои ги обезбедуваме за нашите Клиенти да бидат во потполна согласност со сите примеливи закони од областа на безбедност на храна, HACCP системот, законите за безбедност и здравје при работа како и заштита на животната средина.

Покрај ова, на ниво на компанија имаме воспоставено систем за осигурување на безбедноста на нашите производи и услуги преку полиса за осигурување за одговорност кон трети лица за настанати и пријавени штети.

About
About

Историја

2002

Почетоците датираат од 2002 година со потпишување на Договор за соработка со металуршкиот комбинат за производство на никел - ФЕНИ ИНДУСТРИ Кавадарци (компанија ќерка на Cunico Resources и BSG Resources Ltd) за организирање на колективна исхрана, каде дневно се подготвуваат и послужуваат до 900 оброци, односно 20.000 во месецот.

2005

Од април 2005 година се организира исхрана во рудникот за бакар и злато - БУЧИМ Радовиш, каде дневно се подготвуваат и послужуваат до 700 оброци, односно 14.000 во месецот.

2009

Во мај 2009 година успешно го сертифициравме HACCP системот од страна на меѓународно акредитирано тело.

2011

Од јули 2011 година започната е соработка со фабриката за откуп и преработка на тутун - SOCOTAB Битола (компанија ќерка на швајцарската Socotab Frana SA.), каде во зависност од сезонската варијација на вработени, дневно се подготвуваат и послужуваат од 300 до 700 оброци, односно до 12.000 оброци во месецот.

2013

Во август 2013 година, потпишан е договор за соработка со DRÄXLMAIER Кавадарци, германска компанија од автомобилската индустрија, наш најголем клиент, каде секојдневно се грижиме за исхраната на 5.500 вработени, подготвувајќи до 115.000 оброци во текот на месецот.

2014

Во март 2014 година на ниво на цела команија го надградивме HACCP системот со имплементирање и сертифицирање на систем за управување со безбедност на храна – ISO 22000:2005 од страна на меѓународно акредитирано тело.

2015

Од мај 2015 година, ги даваме нашите услуги и во MARQUARDT Велес, германска компанија од автомобилската индустрија, каде дневно се подготвуваат и послужуваат до 500 оброци дневно, над 10.000 месечно

2017

Со американската компанија од автомобилската индустрија, LEAR CORPORATION, во септември 2017 година потпишавме Договор за соработка и инвстиравме во комплетно осовремување на капацитетите на кујната. Денес за овој клиент дневно подготвуваме и послужуваме до 1.300 оброци дневно, односно до 28.000 оброци во текот на месецот.

Денес

Bo 2018 година Индустри Сервис го почнува најкрупниот инвестиционен проект во развојната стратегија на компанијата. На своја локација во Скопскиот регион градиме комплетно нова хала со најсовремена технологија и угостителска опрема за подготовка, транспорт и служење на храна, индустриски кетеринг. Новиот проект има капацитет за подготовка и служење на дополнителни 9.000 оброци на дневна основа, односно преку 2.000.000 оброци годишно. Вкупната градежна развиена површина ќе изнесува 1.800 m2 со што ќе претставува најголем и најсовремен угостителки капацитет од овој тип во Република Македонија.

Изградба на хала и опремување на кујна за подготовка и транспорт на храна.