Индустри Сервис, Македонска компанија со Европска цел: „Почитуван, ценет и добро платен вработен“

Само со градење на средина во која сите се однесуваат со доверба и почит кон другите, секој поединец го дава најдоброто од себе на работа, со што, за возврат допринесува директно до одлични деловни резултати на работењето на Компанијата.

Вработените на прво место

Индустри Сервис е компанија во која вработениот е на прво место, водејќи се од фактот дека само задоволни, мотивирани и среќни вработени може да овозможат компанијата да ги оствари своите стратешки долгорочни цели.

Само со поддршката на нашите вработени можеме да продолжиме со успешна работа и да ја заштитиме нашата инзворедна репутација. Од тие причини, остануваме и натаму посветени кон нашата заедничка цел – да обезбедиме Индустри Сервис ДОО – Скопје да продолжи да биде лидер на пазарот и да работи со интегритет.

Градење на култура на взаемна доверба и почит

Управувањето со нашиот човечки потенцијал го сметаме како основен темел на нашиот успех и секојдневно се стремиме да креираме работна средина која ќе биде претпочитана од сите вработени. Само со градење на средина во кој сите се однесуваат со доверба и почит кон другите, секој поединец го дава најдоброто од себе на работа, со што, за возврат допринесува директно до одлични деловни резултати на работењето на Друштвото.

Индустри Сервис е горд на своите 161 вработени кои се дел од едно големо семејство во кое не е дозволено вознемирување, дискриминација и негативно дејствување по било кој основ (раса, религија, пол, националност и сл). Кај нас, секoј  вработен треба да се чувствува слободно да ги изнесува своите ставови и мислења кои се однесуваат на етичките стандарди на Друштвото. За таа цел имаме воспоставено политика на „отворени врати“.

Политика на управување со човечките ресурси и основни принципи на раководење

Основна политика на Друштвото е да селектира, развива, вреднува и управува со персоналот согласно современите стандарди и во согласност со принципот на еднакви можности за вработување и работа.

Индустри Сервис континуирано вложува во професионалниот развојот на своите вработени, преку инвестирање во обуки, доквалификации, потребни студии за секој оној кој што ќе покаже интерес, волја и способност за учење. Еднаква можност за развој е обезбедена за сите вработени.

Платата на вработените е детерминирана согласно работната позиција, опис на работното место, одговорности кои произлегуваат од работната позиција како и квалификациите и квалитетите потребни за исполнување на работните задачи. Високите резултати во работењето се препознаваат и наградуваат на различни начини.


Работни услови

  • Нудиме работа во модерна кујна со најсовремена технологија и угостителска опрема, безбедни и современи санитарно – технички услови за работа, во согласност со строго утврдени нормативи и работни процедури.
  • Располагаме со искусен менаџерски тим, надополнет со мултидисциплинарен оперативен тим составен од технолог, нутриционист, менаџер за квалитет и координатор за едукација и развој на кадри. Имајќи ја оваа експертиза позади себе, работата на готвачите и помошниот персонал во кујна е значително олесната и оргазнизирана.
  • Платите на вработените во нашата компанија се за 32% поголеми од републичкиот просек исплатен по работен час во дејноста угостителство, согласно официјалните податоци од Државниот завод за статистика.
  • Кај нас редовното работно време не надминува 40 часа неделно. Како општо правило, работната недела трае пет работни дена.
  • Работиме како сервис за нашите клиенти, од таа причина нашата работа се одвива непречено, во три смени, 365 дена во годината.
  • Работниот процес ни е организиран во три смени без дополнителни прекувремени часови:
  • Прва смена 06:00 – 14:00 ; Втора смена 14:00 – 22:00 ; Трета смена 22:00 – 06:00
  • Во случај на прекувремена работа, работа во ноќна смена, како и работа за време на државни и национални празници, исплатата се врши согласно одредбите од Законот за работните односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор во стопанството.
  • Вработениот има право на целосен годишен одмор по непрекинат период во служба од најмалку шест месеци, без оглед дали работи со полно или со скратено работно време. Вработените кои се стекнале со право на целосен годишен одмор, траењето на годишниот одмор изнесува 20 работни дена.
  • Вработениот има право на регрес (К-15) за годишен одмор доколку работел најмалку 6 месеци во календарската година во Друштвото.
  • На секој вработен му е обезбеден топол оброк.
  • На ниво на компанија обезбедуваме колективно осигурување од незгода за секој вработен.
  • Како семејно ориентирана компанија водиме особена грижа за семјните вредности. Идните мајки добиваат дополнително платено породилно отсуство. Како резултат на оваа политика на Друштвото, во последните 4 години имаме преку 30 новороденчиња во компанијата, резултати на кои што сме сите горди.


Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во добро организирана и динамична работна средина, следи нè и биди во тек со огласите за вработување на нашата компанија!