Свеж или зготвен зеленчук

Свеж или зготвен зеленчук

Топлото време започна, а со него и потребата од лесна и свежа храна. Зеленчукот е неизоставен дел од летната трпеза. Но, што е поздраво, дали свежиот или зготвен зеленчук? Одговорот зависи од видот на хранливите материи од зеленчукот и нивната апсорпција од страна на нашиот организам. Свежиот зеленчук честопати содржи повеќе хранливи материи за разлика од зготвениот. При термичка обработка зеленчукот губи некои од нутритиентите особено витамините растворливи во вода (витамин Ц, витамини од Б групата ), но други пак стануваат многу по искористливи за нашиот организам. При готвењето на зеленчукот се подобрува апсопцијата на многу важни антиоксиданси кои имаат голем бенефит по нашето здравје како на пример бета каротенот, ликопенот, лутеинот. Некои зеленчуци термички обработени се побогати со минерали. Со загревање на зеленчукот се ослободува врзаниот калциум правејќи ги повеќето од минералите да бидат достапни за апсорпција. А разликата може да биде значајна. Една шоља зготвен спанаќ содржи околу 245 мг калциум додека во една шоља свеж спанаќ има само околу 30 мг.

Каков и да е, свеж или зготвен, зеленчукот е значаен за нашето здравје и постојат многу причини за негова консумација.