Индустри Сервис пријател на заедницата

Во време кога успехот на компаниите се вреднува според општествено одговорното делување, наспроти економската профитабилност, Индустри Сервис континуирано работи и на грижата за заедницата. 

Во изминатиов период во кој целото општеството беше погодено од здравствената и економска криза со Корона вирусот, нашата копмпанија како еден од субјектите во деловното опкружување, се погрижи за неколку јавни здравствени установи со цел поддршка и помош на нивното работење и борбата против корона вирусот. 

Со донации за модернизација на техничката опрема го помогнавме Институтот за јавно здравје со цел спроведување на истражувања витални за справување со кризата. Со набавка на 257 заштитни скафандери како неопходна медицинска опрема ја помогнавме Дирекцијата за заштита и спасување и со уште 100 скафандери со цел поголема безбедност и заштита на здравствените работници од ЈЗУ Здравствен Дом во Струмица. 

Нашата хумана мисија и грижата за општеството во кое делуваме останува наш долгорочен императив.