Отвoрање - Централна кујна Скопје

Со голема радост и задоволство сакаме да го споделиме нашиот почеток со работа на новата подружница – Централна Кујна Скопје. Горди сме на овој проект во кој вложивме многу љубов, труд и енергија.




Овој објект  има капацитет за подготовка и служење на дополнителни 10.000 оброци на дневна основа, односно преку 2.000.000 оброци годишно со што ќе ги дуплираме досегашните производствени капацитети. Вкупната градежна развиена површина  изнесува 1.800 m 2 , и претставува најголем и најсовремен угостителки капацитет од овој тип во Република Македонија и во поширокиот регион.