ISO 45001:2018 Сертификација за систем за управување со безбедност и здравје при работа

За менаџментот на нашата компанија од големо значење е да ја одржи позитивната мисла на своите вработени, аслучувањата со пандемијата ги засили нашите заложби и активности во врска со безбедноста и здравјето на вработените.

Затоа покрај будното следење на трендовите во делот на угостителство, со посебно внимание го менаџираме и управувањето со човечкиот потенцијал како основен темел за успехот на Индустри Сервис.

Со цел да обезбедиме безбедна, здрава и пријатна работна средина за вработените имплементиравме систем за управување со безбедност и здравје при работа согласно ISO 45001:2018, при што секоја од нашите 7 деловни единици е организирана на начин кој освен што ги исполнува барањата за безбедна подготовка на храна ги исполнува и условите за безбедно извршување на работата.