БОСИЛОК – поддршка на здравјето

Примарните здравствени придобивки на босилокот вклучуваат поддршка на здравјето на мозокот и коските, како и помош на метаболизмот. Другите придобивки вклучуваат поддршка на здравјето на очите и зголемување на енергијата.


Крал на билките


Босилокот е вкусна кулинарска билка која припаѓа на семејството на нането, лавандата и жалфијата. Босилокот е варијација на неговото вистинско ботаничко име Ocimum Basilium. Се претпоставува дека босилокот се одгледува веќе 5,000 години, а потекнува од Кина. Тоа е билка која лесно може да се одгледува во затворени простории и не бара голема количина на сончева светлина, што ја олеснува можноста за негово одгледувањеи во домашни услови со цел луѓето ширум светот да можат да ги користат неговите придобивки.


Една порција босилок содржи 0,2г. протеини. Изобилува со витамини и содржи 277IU витамин А, 0,9mg витамин Ц, 21,8mcg витамин К и 3,6mcg фолати. Исто така е богат со минерали кои обезбедуваат 9,3 мг калциум, 0,2 мг железо, 3,4 мг магнезиум и 2,9 мг фосфор, 15,5 мг калиум, 0,2 мг натриум и 0,1 мг манган. Преполн е со хранливи материи. Компонентите присутни во босилокот помагаат во борбата против многу болести и помагаат во градењето на имунитетот.

1. Здрав мозок
Употребата на босилокот е многу корисна за спречување на когнитивната деградација. Тој содржи манган којшто ја зголемува активноста на електронската трансмисија во мозокот.
Оваа билка содржи и бакар кој може да помогне во стимулирање на умот, односно подобрување на неговата функционалност. Метаболизмот на гликозилкерамидите, познати како сфинголипиди (молекули кои делуваат како штит на мозокот) е поврзан со мозочните рефлекси и воедно го штитат мозокот од слободните радикали и оксидативниот стрес.


2. Справување со артритисот и болката
Откирено е дека босилокот содржи и бета-кариофилин, поврзан по ефикасното управување со болката. Тие се исто така антиинфламаторни хемикалии кои помагаат да се смири чувството на печење во зглобовите предизвикано од артритисот.


3. Намалување на стресот
Босилокот содржи соединенија (адаптогени) кои му помагаат на телото да се справи и со емоционалниот и со физичкиот стрес. Босилокот ќе му помогне на телото да одржи избалансирана функционалност дури и за време на стресни настани. Оваа билка помага во намалување на нивото на хормоните, како и нивото на кортикостерон во телото.


4. Својства против стареење
Босилокот е полн со антиоксиданти. Слободните радикали предизвикуваат оштетување и на кожата и на мозокот што може да биде клучно за изгледот и чувството на старост.
Антиоксидансите во билката ќе помогнат да се намалат ефектите на клетките на слободните радикали.


5. Силни коски
Губењето на густината на коските доведува до кревкост на коските и можни повреди, особено кај жените кај кои остеопорозата е почеста појава. Нутриционистичките факти покажуваат дека босилокот е одличен извор на витамин К кој е исклучително корисен за одржување на здрави коски. Витаминот К овозможува подобра апсорпција на калциумот.


6. Го помага метаболизмот
Добриот метаболизам е неопходен за да се одржи телото витко и здраво. Босилокот е добар извор на манган, кој му помага на телото да ослободи ензими кои се корисни за метаболизамот на аминокиселините, холестеролот и јаглехидратите. Исто така, помага да се метаболизираат витамини кои се поврзани со гликоза.


7. Извор на енергија
Содржи бакар, кој е витален производител на аденозин трифосфат. Ова е соединение кое помага во елиминирање на ефектите од замор и истоштеност. Често се препорачува да се
користи босилок во смути за да се одржи високото ниво на енергија.


8. Антимикробно својство
Босилокот содржи испарливи соединенија во форма на есенцијални масла кои имаат антимикробна природа. Постојат многу други есенцијални масла како еугенолот кои помагаат
да се спречат влијанијата на габите и бактериите.


9. Содржи бета-каротен

Ова е основно соединение кое помага да се спречи дегенерација на мускулите. Босилокот е исто така добар извор на витамин А и аскорбинскa киселинa за кои е познато дека гo лекуваaт синдромот на суво око и Старгардовата болест.

Клучни придобивки

- Содржи соединенија со голема антиоксидативна моќ
- Има антивоспалителни и антибактериски својства
- Содржи нутритиенти значајни за кардиоваскуларното здравје
- Ја подобрува дигестијата
- Има својства кои го помагаат намалувањето  на холестеролот
- Ја подржува функцијата на црниот дроб
- Помага при дијабет и метаболен синдром
- Ја намалува треската при висока температура
- Превенира појава на дегенеративни мозочни промени
- Богат со витамин А, К ,Ц , железо, манган, фитонутритиенти