Успешен почеток на новата 2021 година!

Зачекоривме во новата година со успешна реализација на проектот за опремување на новата кујна со кантина за нашиот нов клиент TAB MAK d.o.o Пробиштип.

Оваа недела го започнавме процесот на производство и послужување на оброци во оваа успешна компанија која знае како да се грижи за своите вработени.

Овој проект е олицетворение на нашето искуство и доследност во професионалноста и квалитетот и затоа претставува најдобро организирана кујна во регионот на Источна Македонија.

Ова е наша десетта Кујна во која реализиравме комплетно решение за спроведување на организирана исхрана со имплементација на технолошки најсовремена угостителска опрема, иновативен процес и модерен амбинет.

Храната и знаењето се нашата движечка сила што не поврзува со клиентите. Се прошируваме затоа што клиентите ја препознаваат зголемената вредност на нашето работење.

Веќе 18 години ги поставуваме стандардите во угостителството и индустрискиот кетеринг.

И затоа, претстојат уште многу успешни проекти.