Светски ден на гастрономијата

Денес го одбележуваме Светскиот ден на одржливата гастрономија.

И покрај тоа што гастрономијата се поврзува со стилот и начинот на готвење карактеристичен за одредено поднебје, таа во суштина се однесува на начинот на подготовката и консумирањето квалитетна и вкусна храна.


Како компанија во која секој еден оброк е внимателно нутритивно балансиран, зготвен со многу љубов и строго исконтролиран од аспект на безбедност, инвестиравме во Систем за готвење кој го зголемува квалитетот на оброците што ги испорачуваме. VarioCookingCenter како нов и револуционерен концепт во модерните професионални кујни овозможува пократко време на готвење на храната со кој се постигнува оптимално зачувување на хранливите материи (витамини, минерали, биолошко активни компоненти), отстранување на штетните супстанции кои се создаваат при самиот процес на готвење и ја намалува количината на употреба на масло за готвење до 80%.