Комплетно опремена кантина за послужување во новиот објект на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ „Бунарџик” во Скопје.


Ви го претставуваме првиот ден од нејзината официјална употреба и послужувањето на топол оброк за вработените.

Ова е уште една компанија во која човечките ресурси се значаен капитал и во кои се вложува за да им се овозможат најдобрите услови за работа.

Им благодариме за довербата што токму Индустри Сервис е операторот кој имплементираше идејно решение за организација на современа кантина преку која ќе води комплетна грижа за исхраната на вработените во Гересхајмер Македонија согласно највисоките стандарди за подготовка, дистрибуција и послужување на оброци во сите смени на работење.